Промоција на „Ѕидот на Паја“
03-02-2015 КУЛТУРА

Малото џебно издание на вицеви под наслов „Ѕидот на Паја“ синоќа во преполнетата сала на Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во целост ја покажа својата голема моќ на неговиот автор Златко Вузевски Паја и бројноста на неговите обожаватели и фанови на фејсбук групата „Глупости 100% - Паја“. Промоција за паметење , каква сме немале досега, прекрасна  атмосфера и смеење во салата која наликува на „Златна буба Мара“ .Настан кој ни ја потврди големината на единствениот урбан лик  од Кавадарци  Златко Вузевски Паја кој во најдобра смисла го потврдува   раскошот и богатството на кавадаречкиот  хумор и духот на Кавадарци.  За радио новинарот Душко  Стефанов   Паја е  урбан витез, вечниот нервозен поштар,  љубовникот на Роза, сеќавање на свечените бели кошули, тинејџерот со сараевска „Дрина“, легенда од асфалтот и вечното момче.

 

                 За Марјан Тодоровски самиот наслов на книгата асоцира на најпопуларната фејсбук група во Македонија „Глупости 100% - Паја“ која брои над 25 илјади членови, каде на виртуелниот ѕид Пај постира секојдневно бројни вицеви и шеги. Во јунаците на неговите вицеви Блажо и Мара, многумина од нас ја препознаваат својата околина, се препознаваме себеси и повторно и повторно да се навраќаме на страната на Паја, од првото утринско кафе, па до доцна навечер. Ова не е обична книга на вицеви . Зад страниците на книгата стојат децении живеење со хуморот, кој Паја ни го носи секојдневно и за сите нас има по некоја шега од локално до глобално ниво и назад вели Тодоровски.

 

                Збирката вицеви „Ѕидот на Паја“ со голема концентрираност на хумор вечерта можевме да  ја купиме  за само  150 денари. Во екипата која учествуваше во нејзиното создавање да ги споменеме илустрациите на Ристе Соколов , Трајче Јованов  и Никола Ивановски ,дизајнот на корицата и комјутерскат реализација на Билјана Соколова и Марјан Тодоровски во улогата на редакција на текстот. Авторот  на книгата книгата им ја посвети на неговите најаскани сопругата Елена и синот Сергеј. 

 

Мирјана Мукаетова

Додади коментар