Просечната плата во март 21.294 денари

Просечната исплатена нето плата во март изнесува 21.294 денари, а бруто платата 31.185 денари и претставува зголемување за еден процент во однос на истиот месец минатата година.

Зголемувањето, како што објави Државниот завод за статистика, се должи, пред сé, на покачувањето на платите во секторите Транспорт и складирање, Дејности на здравствена и социјална заштита и Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпадни дејности за санација на околината.

Покачување на нето-платата во споредба со претходниот месец е забележано во секторите: Информации и комуникации, Рударство и вадење камен и Градежништво.

Во март, 2,6 проценти од вработените не примиле плата.

Додади коментар