Протест на гиманзијалците во Кавадарци
11-03-2015 РЕГИОН

Учениците од гимназијата „Добри Даскалов“ Кавадарци денеска излегоа на мирен протест и го искажаа своето незадоволство од измените на законот за образование со кои математиката е задолжителен предмет за полагање матура.

Тие половина час со транспаренти и свирчиња протестираа пред зградата на локалната самоуправа. Претставници на учениците беа примени од градоначалникот Александар Панов. Пред него ги искажаа своите барања, а добија ветување дека тој ќе посредува помеѓу нив и министерството.

Овие средношколци бараат да се укине полагањето математика како задолжителен предмет за матура,  екстерната оценка да не влијае на успехот и електронското полагање на матура да биде седум дена.

„ Не оставив ни 15 минути да бидат надвор, веднаш ги примив во кабинетот. Си земав обврска да бидам алатка меѓу нив и министерството и да видиме дали нивните барања се разумни“ рече градоначалникот Панов и додаде дека им замерил што се одлучиле да излезат на протест без претходно да побараат прием од него и да разговараат за нивните проблеми.

А.Д

Додади коментар