Раст на градежните работи на македонски компании во странство

Државен Завод за статистика објави дека вкупната вредност на договорените градежни работи во странство во првата половина од годинава изнесува 4.951.425.000 денари.

Македонската градежна оператива во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 454.540.000, што е за 203,8 проценти повеќе во споредба со првите шест месеци од минатата година.

Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Италија и Германија, додека, на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Индија, Швајцарија, Бугарија, Либиска Арапска Џамахирија, Босна и Херцеговина и Словенија.

Додади коментар