Ретроспективна изложба - 30 години творештво Владимир Темков
09-09-2013 КУЛТУРА

Во чест на празникот седми септември, а по повод 30 годишнината од тврорештвото на академскиот сликар Владимир Темков-Шефето во саботата, пред почетокот на свечената седница, беше отворена ретроспективната изложба на неговите дела.

Темков досега имаше самостојни изложби како во родниот град, така и во земјава и странство. Неодамна тој имаше изложба и во галеријата во Њујорк по повод јубилејот 30 години творештво.

Делата на Темков дојдоа да ги погледнат во галеријата на домот на културата многу негови колеги, пријатели и вљубеници во ликовната ументост. Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов на отворањето на изложбата рече дека воопшто не погрешил што Владими Ремков шефето, го назначил да „шефува“ со културата во градот бидејќи покажал одлични резултати.

„Требаше да бидам на отворањето на изложбата на Владимир Темков во Скопје, но сега повеќе не ми е жал, затоа што најдобро е помеѓу своите да зборуваш за својот. Кога го назначив Владимир Темков за директорот на Домот на културата имаше многу дофрлувања до мене, но не згрешив во моите проценки, затоа што „Шефето“ знае како да „шефува“ со културата во градот“.

Пред присутните на отворањето на изложбата свое обраќање имаше и Темов, кој нагласи дека било лесно да се работи како прв човек на Домот на културата, бидејќи ја имал подршката од градоначалникот и советот.

За делата на Темков говореше македонскиот поет, есеист и сликар Петар Наневски. Кој нагласи дека уште на отворањето напрвата изложба на Темков му предвидел голема слава.

Изложбата на Темков  по Скопје, Куманово, Њујорк и Прилеп сега е достапна и во неговото родно Кавадарци.

А.Д

Додади коментар