СДСМ Кавадарци со обвинување до градоначалникот Панов

Повод за денешната прес-конференција е да ве информираме и запознаеме со една од главните одлики во работењето, односно неработењето на оваа власт предводена од ДПМНЕ, а тоа е задолжувањето.

Имено, на последната седница на Советот на Општина Кавадарци Градоначалникот го искористи неприсуството на советниците од опозицијата за да протне донесување на одлука за задолжување на Општина Кавадарци во висина од 45, 5 милиони денари или за полесно да се разбереме за колкава сума на задолжување станува збор, ќе кажам дека станува збор за ни помалку ни повеќе туку 740 илјади евра, пари кои што треба да ги враќаме сите ние Кавадарчани.

Премногу кукавички потег на Градоначалникот! Тоа значи дека градоначалникот  е исплашен да се соочи со опозицијата за и те како битно прашање за иднината на работењето на Општина Кавадарци.За вакви битни прашања треба заеднички да се донесуваат одлуки.

Тука вината ја сноси и Претседателот на Советот на Општина Каваадрци поради тоа што беше прекршен Деловникот за работа на Советот на Општина Кавадарци.Согласно Деловникот, материјалите за расправа се доставуваат 7 дена пред одржувањето на седницата.На последната седница материјалите за задолжувањето на Општина Каваадрци беа доставени ден пред одржувањето на седницата од кои некои од советниците и воопшто не ги добиле.

За вакви битни одлуки, претходно треба да се расправа и на соодветните комисии како Комисијата за финансии и буџет и Комисијата за локален економски развој.И тука е прекршен деловникот.Затоа сакаме да ја предупредиме претседателката на Советот, дека, доколку се продолжи со ваквата практика континуирано да се крши деловникот, ќе поднесиме интерпелација, односно предлог за нејзино разрешување.

За повлекување на овие средства неопходно е да се разгледа оправданоста и способноста на Општината да ги сервисира навремено обврските по основ на овој долг.Имајќи во предвид дека долгот на Општина Кавадарци и без овој кредит изнесува 60 милиони денари, заедно со овој кредит, со ова задолжување, долгот ќе изнесува 110 милиони денари.Јасно е дека овие пари му се потребни за обрт за да можи малку од малку да се раздолжи кај локалните градежни компании, а со другите пари да се финансираат престојните избори во Март.

И за крај, зошто кредитот се со грејс период од 3 години? Тоа значи дека во воментот кога  му завршува мандатот на градоначалникот во 2017 година, започнува исплатата на ратите за овој кредит.Значи наредниот градоначалник нека мисли како ќе се враќаат долговите.

интегрален текст од прес конференцијата на ОО СДСМ Кавадарци

Додади коментар