СДСМ обвини дека амбулантата во Сопот е партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Советникот во кавадаречкиот совет и портпарол на ОО на СДСМ Кавадарци денеска одржа прес конференција на која обвини дека простории во селската амбуланта во село Сопот се користеле како партиски штаб.

(интегрален текст)

-Амбулантата  која што треба да им служи на жителите од с.Сопот, денес, може и самите да се уверите, има табла на која што пишува,  МК (месен комитет) СОПОТ на ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ и бесрамно ги узурпира институциите и ја покажa вистинската негрижа за здравјето на граѓаните.

Оваа амбуланта е изградена со придонес од самите жители. Со кое право ВМРО-ДПМНЕ си дозволува да ја узурпира?

Ова е класичен пример на целосна партизација и узурпација на системот и институциите кои што треба да им припаѓаат на граѓаните, а не на партијата на власт.

 

На последната седница на Советот на Општина Кавадарци, донесена е одлука за финансирање на Абулантата “Виталија Медикус“, во износ од 180 000 денари. Финансиски средства коишто треба да им бидат од помош и за лекување на жителите на с. Сопот.

Дали овие финансиски средства ќе бидат употребени за да им се укаже потребната помош за лекување на жителите на с.Сопот или ќе бидат искористени за финансирање на МК на ВМРО ДПМНЕ во с. Сопот?

 

Бараме веднаш да се острани таблата на којашто пишува “МК СОПОТ – ВМРО ДПМНЕ“.

На сите им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ ги партизира и узурпира институциите за свои партиски цели. На тоа ќе му ставиме крај.

Институциите им припаѓаат на сите граѓани, без разлика на партиска, верска и етничка определба!

 

По промените, на следните фер и демократски избори, државните институции ќе бидат департизирани, деполитизирани и професионални, се со цел за добробит на сите граѓани на Република Македонија.

 

 

Додади коментар