СДСМ: 6,6 милиони денари за 2020 година поддршка за спортските клубови во Кавадарци
13-12-2019 РЕГИОН

Претседателот на СДММ Кавадарци, Павле Богев денеска на прес конференција говореше за финансиската поддршка што ја дава владата за спортските клубови од Кавадарци.

(интегрален текст)  Цели 11 години спортот и спортските работници беа игнорирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

За неполни 2 и пол години со одговорните политики, СДСМ го враќаат спортот на прав пат.

2016 година за спортот беа одделени само 60 милиони денари, додека во 2019 година државата одделува 244 милиони денари, односно 4 пати повеќе.

Покрај постоечките финансиски средства, Владата за оваа година директно ќе интервенира со дополнителни 4 милиони евра за развој на македонскиот спорт преку модифициран и приспособен ваучерски систем со што вкупната финансиска поддршка ќе изнесува 10 милиони евра за 2020 година.

Најголем дел од кавадаречки екипи се подржани од страна на владата во рамките на овој ваучерски систем.

Имено во рамките на овој систем, финансиски ќе бидат поддржани следниве каваадречки екипи:

-          ГФК Тиквеш- со ваучер во износ од 2.082.910 денари

-          КК Фени Индустри- со ваучер во износ од 2.366.121 денари

-          ГРК Тиквеш- со ваучер во износ од 1.357.791 денари

-          КМФ Црна Река- со ваучер во износ од 30.412 денари

-          АК Тиквеш Кавадарци- со ваучер во износ од 198.250 денари

-          Стрелачки клуб Кавадарци- со ваучер во износ 173.875 денари

-          ЗЏК Кожувчанка- со ваучер во износ од 150.526 денари

-          КГС Срни Партизан Кавадарци- со ваучер во износ од 41.036 денари

-          Карате Клуб Сансаи- со ваучер во износ од 213.770 денари

-          КБК Кавадарци- со ваучер во износ од 31.300 денари

Вкупните финансиски средства кои владата ги инвестира во спортот и спортските клубови во Кавадарци изнесува околу 6,6 милиони денари, само за 2020 година.

Со овие политики сакаме дополнително да ги подржиме спортските екипи со што ќе ги потикниме дополнително да вложуваат во зајакнување на нивните капацитети, се со цел кавадаречките спортисти да имаат подобри услови за напредување.

Покрај финансиската подршка на спортските клубови, Владата преку Агенцијата за млади и спорт, во соработка со Локалната Самоуправа ќе изврши целосна реконструкција на градскиот стадион во Кавадарци. Кавадаречките љубители на фудбалот конечно ќе добијат пристојно место за следење на фудбалските натпревари на ГФК Тиквеш.

Целата инвестиција изнесува околу 13 000 000 денари.

Со овие мерки и политки ќе го вратиме спортот на прав пат.



Додади коментар