Седница на Вардарски плански регион во Неготино
04-06-2015 РЕГИОН

Неготино и градоначалникот Ванчо Апостолов денеска беа домаќини на 12-тата седница на Советот за развој на Вардарскиот плански регион на која покрај првите луѓе на општините од ВПР присуствуваа и активно учество во работата земаа и претставници од Светска банка и од Министерствата за правда и за образование и наука при Владата на РМ.

 

Членовите на Советот расправаа по информацијата за Националната стратегија за превенција на малолетничкото престапништво и потребата од формирање на локални Совети за превенција на детското престапништво во општините од Вардарскиот плански регион, предлог-одлуките за аплицирање на проект на повик од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за 2015-та година во повеќе мерки, а беше разгледана и информацијата за имплементација на проект во рамките на ЕУ Лидер пристап финансиски поддржан од УСАИД и Швајцарската амбасада.

 

На дневен ред се најде и одлуката за одобрување финансиски средства од редовната сметка на Центарот за развој на ВПР наменети за реконструкција на канцеларијата на Центарот, како и одлука за одобрување финансиски средства за потребите на проект кој е финансиски поддржан од Програмата на УНДП во Република Македонија.

 

М.А

Додади коментар