Се поплочуваат улици во Ваташа
18-09-2019 РЕГИОН

Оперативата на фирмата „АС-Машини“ од Кавадарци започна со реализација на комунален проект за поплочување на улицата „Перо Видев“ во Ваташа.

 

Ова е втора фаза од реконструкцијата на оваа улица, на потегот од „Грковата чешма“ до спојот со улицата „Данко Дафков“.

 

Денеска на таа делница се поставуваше тампон, по што ќе уследи поплочување со бехатон коцки на вкупна површина од 1.000 метри квадратни.  Со овој проект, кој општината го реализира на барање на граѓаните, ќе се обезбеди подобар пристап и комуникација на жителите од тој дел на Ваташа, велат од општината.

 

Денеска Оперативата на истата фирма  поплочи површина од 100 метри квадратни на крак од улицата „Страшо Пинџур“ во Ваташа.

Проектот е дел од кампањата на Општина Кавадарци за ревитализација на неколку улици во село Ваташа.

Оперативата на  „Градба промет“ од Кавадарци, пак,  заврши со поплочувањето на улицата „Даскал Камче“ во Ваташа. Според проектот на површина од 270 метри квадратни на местото на старите гранитни коцки се поставени бехатон плочки.

 

Оперативата на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци започна со шалување на пристапни скали на крак од улицата „25-ТИ Мај“. Според проектот се работи за пристапни скали кај големиот потпорен ѕид кои ќе ги спојуват асфалтираното и бетонираното ниво на оваа улица. Изградбата на пристапните скали е втора фаза од изградбата на оваа улица.

 

 

 

Додади коментар