Се удави дваесет годишно момче во Вардар кај Демир Капија

Вчера во 21.00 часот во Полициската станица - Неготино пријавено е дека лицето Д.М.(20) од с.Бистренци кој дента ги пасел кравите не се вратил дома.

 

Последен пат е виден околу 14.30 часот покрај Вардар од друг човек со кого заедно ги паселе кравите и на кого, кога се разделувале, му кажал дека ке оди да се искапе во реката.

 

Во 21.00 часот кај м.в. „Лагот“ покрај реката се пронајдени алишта и мобилен телефон кој припаѓале на исчезнатиот.

 

Утрово околу 10.00 часот во Вардар е пронајдено телото на починатиот кое, по наредба на обвинителството е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот - информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Додади коментар