Синоќа беше отворена „Кавадаречка културна есен“
09-10-2014 КУЛТУРА

Богатата кавадаречка музичка сцена беше инспирација  годинава со целовечерен концерт да започне манифестациујата „Кавадаречка културна есен 2014“ и носталгично не потсети на музичките рок и поп групи почнувајќи одосумдесетите  па се до денес.Синоќешниот концерт воедно беше можност да видими нови рок и џез групи  некои од нив новоформирани а некои популарни повеќе надвор од Кавадарци отколку  тука  а кои заслужуваат одвоени  целовечерни концерти .најавувајќи големи инвестиции за реновирање на комплетната сцена од Салата на Домот на културата манифестацијата ја отвори градоначалникот Александар Панов.

           Љубителите на уметноста веднаш по концертот можеа да присуствуваат на отворањето на изложба на делата од  четвртатата по ред ликовна колонија ЛЕТО 2014 ВИЛА ТОДОРОВ – КОЖУВ  насликани од триесетина автори од Македонија и Србија – изложба достојна на отворањето на една традиционална културна манифестација која почнува да го одбележува нашиот град а тоа е манифестацијата „Кавадаречка културна есен“.

 

 Годинава ликовната колонија во организација на Марјан Тодоров се одржа во две етапи, првата во месец јуни кога ги обедини младите ликовни уметници од Македонија и координаторот Ристе Соколов  и втората етапа во август кога со помош на ликовниот координатор Ива Јосифова  во нашиот град се донесоа  уметници од Република Србија . На повеќето од нив ова им беше прво учество во македонска ликовна колонија.

            Во прекрасниот амбиент на Вила Тодоров сместена во пазувите на Кожув Планина на 1600 метри надморска висина организаторот на колонијата им овозможи на овие ликовни уметници  да се сретнат, да се запознаат со други автори кои поинаку размислуваат и поинаку работат  за да се случат нови искуства меѓу нив  инспирирани од моќта и убавината на магичниот Кожув  кој ја има привилегијата на недопрена природа . Како Кожув воздивнува, како опојно мириса, колку пејсажот брзо се менува и се чуствува колку планината е моќна а колку луѓето се мали – тоа најдобро го покажуваат изложените слики   кои се позитивни и полни со убава енергија . Успешноста на ликовната колонија се потврдува со плодноста на авторите за време на престојот во Вила Тодоров и силниот творечки порив кој во насликаните дела ги открива индивидуалните пориви  од внатрешниот  интимен свет на секој ликовен уметник . Сето ова дава  за право да посакаме Ликовната колонија Вила Тодоров –Кожув да прерасне во традиционална манифестација  во насока на популаризацијата на нашиот град Кавадарци и туристичките можности кои ги поседува Кожув Планина

 

Мирјана Мукаетова

Додади коментар