Советот општина Велес ќе го анализира работењето на ЈКП „Дервен“
12-03-2014 РЕГИОН

НАД 150 ИЛЈАДИ ЕВРА ПОТРОШИЛО КОМУНАЛНОТО ДЕРВЕН ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНАТА ЧИСТОТА ВО ГРАДОТ ВО ТЕКОТ НА МИНАТАТА ГОДИНА..  ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ГИ ОБЈАВИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД РАБОТАТА ПО ПРОГРАМАТА ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ГРАДСКАТА ХИГИЕНА.. СПОРЕД ДОКУМЕНТОТ, НАЈМНОГУ ПАРИ СЕ ПОТРОШЕНИ ЗА МЕТЕЊЕ НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ.. ЗА ОВАА НАМЕНА „ДЕРВЕН“ ПОТРОШИЛ НАД 65 ИЛЈАДИ ЕВРА.. ВРАБОТЕНИТЕ НА КОМУНАЛНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЈА ОДРЖУВАЛЕ ХИГИЕНАТА НА ГРАДСКИТЕ СООБРАЌАЈНИЦИ, МОСТОВИ, ПЛОШТАДИ, СКАЛИЛА.. ПРОГРАМАТА ЗА ЈАВНА ЧИСТОТА, УТРЕ ЌЕ СЕ НАЈДЕ  ПРЕД ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ..  

 

НА УТРЕШНАТА СЕДНИЦА, ЈКП ДЕРВЕН ЌЕ ЈА ПРЕЗЕНТИРА И ПРЕДЛОГ ПРОГРАМАТА ЗА РАБОТА ЗА ОВАА ГОДИНА.. СПОРЕД ПЛАНОТ ЗА РАБОТА НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО, КОМУНАЛНОТО ГОДИНАВА ПРЕДВИДУВА ДА ОСТВАРИ ВКУПЕН ПРИХОД ОД НАД 3 МИЛИОНИ ЕВРА.. НАЈГОЛЕМИ ПРИХОДИ ДЕРВЕН ПЛАНИРА ДА ОСТВАРИ ОД РАБОТНАТА ЕДИНИЦА ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА.. ОД ПРОДАЖБА НА ВОДА И НАДОМЕСТОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ОДВОДНАТА МРЕЖА ПРОЕКТИРА ДОБИВКА ОД 98.450.000 ДЕНАРИ.. СЛЕДНИ СПОРЕД ВИСИНАТА НА ДОБИВКАТА ОД КОИ ЌЕ СЕ ПОЛНИ КАСАТА НА ДЕРВЕН СЕ РАБОТНИТЕ ЕДИНИЦИ КОМУНАЛНА ХИГИЕНА, ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО И ЕДИНИЦАТА ПАЗАРИ..

 

ИНАКУ НА УТРЕШНАТА СЕДНИЦА ПРЕД СОВЕТНИЦИТЕ ЌЕ БИДЕ И ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА ДЕРВЕН ВО МИНАТАТА ГОДИНА.. СПОРЕД ОВОЈ ДОКУМЕНТ, ПРЕТПРИЈАТИЕТО РАБОТЕЛО ПОЗИТИВНО.. ОСТВАРИЛО ВКУПЕН ПРИХОД ОД НАД 187 МИЛИОНИ ДЕНАРИ..

З.Јаневски

Додади коментар