Спортски реквизити за спортската сала во ваташкото училиште

Импровизираната спортска сала во ООУ „Димката Ангелов Габерот“ во Ваташа од денеска е побогата за уште неколку спортски реквизити со кои учениците ќе можат поквалитетно да ги изведуваат часовите по физичко и здравствено воспитување.

Спортската опрема и реквизити се донација од локалната самоуправа, а денеска ги предаде градоначалникот Александар Панов.

Директорката на училиштето, Јанушка Милкова, упати благодарност за донацијата  до локалната самоуправа. Таа рече дека се овозможуваат услови за поклвалитетна настава.

А.Д

 

Додади коментар