Стартува ликовната колонија „Хотел Фени“
03-08-2013 КУЛТУРА

Природните убавини со кои изобилува Кавадарци и тиквешијата и годинава ќе бидат главна инспирација за учесниците на меѓународната ликовна колонија „Хотел Фени 2013“ што се одржува во исо имениот хотел во Кавадарци. Синоќа, по пауза од две години, беше најавен почетокот на колонијата. Се до 10 август осумнаесер уметници од Македонија, Србија, Бугарија и Германија ќе создават нови уметнички дела. Организаторот е задоволен од одзивот на уметниците и најавува квалитетни дела кои публиката во Кавадарци ќе може да ги види на 10 август,  кога ќе се одржи изложбата на дела создадени на оваа колонија.

Од самиот почеток во 2006 година, Ликовен координатор на колонијата е еден од најпознатите кавадаречки уметници Ристо Соколов Сокол, чие големо искуство во организација на ликовни настани на меѓународно ниво (Македонија, Србија, Бугарија, Америка, Шведска и др) придонесе за квалитетот на колонијата, но и интересот за учество на оваа колонија од страна на уметниците да биде голем.

„По мала пауза повторно се собравме уметници од повеќе земји. Уметниците кои дојдоа со своите инспирации ќе создадат нови дела. Се работи за квалитетен избор на уметници, кои се учесници на оваа колонија“ рече Ристо Соколов, ликовен уметник од Кавадарци.

Повеќето од учесниците не се за прв пат на оваа колонија. Дел од нив творат на ова колонија од самиот нејзин почеток и се задоиволни што годинава ја имаат можноста за ново дружење во градот на грозјето,виното и уметноста.

“Пред две години имав пријатно искуство како учесник на ова колонија. Имаше многу дружење, а се направија прекрасни слики што се дел од оваа хотелска галерија“ рече Надица Стоилкова, ликовен уметник од Кочани.

 Меѓу учесниците на ликовната колонија е и Анке Клајн, Германка која ликовна уметност студираше во Македонија. Таа рече дека се чувствува многу убаво во Македонија.

 Ангел Данов

Додади коментар