Стартува употреба електронските дневници

Надминати се низата неправилности и проблеми  што  го следеа проектот електронски дневници и сега наставниците ќе можат брзо и навремено да ги заведуваат оценките на учениците.

-Очекуваме во следниот период веќе да ги немаме проблемите со кои што се соочиуваа дел од наставниците во смисла на блокирање на системот, неможност на внесување на оценки и сл. Искорегирани се и извесни позадински операции кој што ги работи самата апликација, истакна министерот за образование Спиро Ристовски.

 Министерот е сигурен дека квалитетот на е-дневникот е на многу повисоко ниво и тој апелира до сите наставници да имаат континуитет во внесувањето на оценките бидејќи доколку пристапот до една апликација во одреден период е поголем нормалнио е да има отежнато внесување на оценки.

Додади коментар