Трето место во генерален пласман за КК „Урбан Инвест“
14-10-2013 СПОРТ

Во саботата во  Спортската сала во населба Драчево, во Скопје, се одржа Mеѓународeн турнир Маваши опен 2013. На натпреварот учествуваа 337 натпреварувачи од 45 клуба од Македонија, Србија и Косово. Карате клуб Урбан Инвест-Кавадарци  учествуваше со 19 натпреварувачи: Владанка Аврамова, Ивона Муфтарова, Петар Аврамов,  Миа Маневска, Моника Коцх, Игор Јовков, Блаже Коневски, Марија Ѓоргиева,Томе Ѓондев, Кристина Тодорова, Ристе Соколов, Вероника Милкова, Христијан Стоjев, Цветанка Стоjева, Милан Соколов, Марија Трајкова, Тамара Манева, Јована Манева и Атанас Димков  и освоија 7 златни, 6 сребрени и 6 бронзени.

КК Урбан Инвест од 45 клубови се пласираше на трето место во генералниот пласман.

Златни медали:

Сребрени медали:

 1. Игор Јовков - кати поединечно 2002 година, II – ниво.

 2. Моника Коцх - кати поединечно 2001 година, апсолутно ниво.

 3. Кристина Тодорова – кати поединечно 2001 година, II – ниво.

 4. Миа Маневска – кати поединечно 2002 година, II – ниво.

 5. Ката тим 2004/2005 година, во состав: Ристе Соколов, Кристијан Стојев и Томе Ѓондев.

 6. Ката тим 2000/2001 година, во состав: Петар Аврамов, Блаже Коневски и Игор Јовков.

 Бронзени медали:  

 1. Марија Ѓорѓиева – кати поединечно 2001 година, II – ниво .

 2. Вероника Милкова – ката кадетки.

 3. Милан Соколов – кати 2005 година, I – ниво.

 4. Томе Ѓондев - – кати 2005 година, I – ниво.

 5. Јована Манева - кати 2005 година, I – ниво.

 6. Ката тим 2004/2005 година, во состав: Марија Трајкова, Јована Манева и Цветанка Стојева.

Додади коментар