Трето место за стрелците од Кавадарци на државното првенство
06-10-2014 СПОРТ

Викендот кој измина во Штип се одржа државното првенство за војничка и полуавотматска пушка. И во двете дисциплини во исклучиво тешка конкуренција третото место го освоија стрелците на стрелачки клуб Кавадарци. Атанас Танев, Илија Милков и Горан Илиев се стрелците од Кавадарци кои иако пукаат од година на година успешно се пласираам меѓу најдобрите, вели за ктв престедателот на кавадаречкиот клуб Благој Пешиќ.

 

Тешката финансиска состојба на клубот, немањето опрема и нереализирањето на тренинзи се голем хендикеп за нашите стрелци кој докажано и покрај се се на стрелачкиот врв во Македонија, категоричен е Пешиќ.

Љубовта кај нашите стрелци е посилна од се, но понекогаш не е доволна за да се оправда квалитетот, оти сепак кондиционата, но и психичка подготвеност зависи од редовноста на тренинзи појаснува претседателот.На државното првенство во Штип учество зедоа десетина клубови од Македонија.

 

Третото место е добар резултат за кавадарчани, но успесите можат да бидат далеку подобри ако ситуацијата во клубот е поинаква завршуваПешиќ.

M.Mладенова

Додади коментар