Трет пораз на „Љубанци“
29-08-2016 СПОРТ

И во третиот натпревар во второлигашкото друштво екипата на Љубанци од Кавадарци го забележа третиот пораз.Овој пат со полн плен од Кавадарци си замина многу поквалитетниот тим  на Академија Пандев.

 

Гостите од првиот свиреж наметнаа свој стил на игра превземајки ја доминацијата на средината од теренот и  недозволувајки им на домашните да создаваат премногу шанси. Сепак прв се закани Ники Вареловски со удар од 18 метри во 4 минута но биеше премногу млако.

 

Во 8 мин пробив на Балдовалиев по левата срана излета Делов па Балдовалиев непречено уфрли на линијата од 5 метри а на спротивната страна натрча Марков и го отвори резултатот.

Во 16 минута Дуков одлично го проигра Јанакиевски но овој премногу се местеше и на крај биеше само во добро поставениот гостински голман.

Во 23 минута киксираше домашната одбрана, топката стигна до Пандев кој биеше но топката го погоди Лазарев и го смени правецот измамувајќи го домашниот голман што беше водство од 2:0 за гостите. Во 35 минута Пандев биеше од 22-23 метри но ја погоди само пречката. 

На стартот на првото полувреме во својот прв напад Љубанци постигна гол. Ники Вареловски одлично го проигра Дуков кој во манир на расен стрелец го совлада гостинскиот голман. Љубанци во продолжение притисна но нападите беа јалови. Во 62 минута Дориев направи слалом низ домашната одбрана и на крај го проигра Балдовалиев  на кого нему беше тешко да го поистигне третиот гол за Академија Пандев.

 

Во продолжение гостите можеа да го зголемат водството но прво Лазарев спаси сигурен гол исфрлајки ја топката од гол линијата а потоа и најрасположениот кај гостите Дориев на неколку пати се поигра со домашната одбрана но не беше прецизен во завршницата.На крајот гостите заслужено си заминаа со бодовите од Кавадарци а домашните заради паузата ке имаат доволно време да се консолидираат, можеби и екипираат доколку сакаат да обезбедат опстанок во второлигашкото друштво. На оваа средба многу работи не штимаа во редовите на Љубанци. Оние поискусните во тимот ги немаше никаде, средниот ред како да непостоеше или можеби беше поставен на погрешно место па гостите лесно излегуваа на крај со сите проблеми.

 

Некои редови кај домашните беа и премногу анемични како да беа и премногу импресионирани од квалитетот на противникот па речиси и да не се обидоа да му се спротивстават. Сепак и распоредот по првите три кола не им одеше од рака на екипата на Љубанци и добро е што е само почеток на сезоната па има време сите грешки да се поправат и работите да се постават на свое место.

 Мики Виденовиќ

Додади коментар