Трибина на ВМРО-ДПМНЕ посветена на образованието

Доктор Елизабета Тодоровска, државен секретар во министерството за образование и наука, синоќа во Кавадарци говореше на трибина посветена на образованието. Таа се осврна на проектите кои ги спроведуваат Владата и министерството за образование за реформи и унапредување на воспитно образовниот процес во Република Македонија.

Присутните граѓани во салата на домот на културата “Иван Мазов Климе” поставија бројни прашања до Тодоровска. Тие меѓу другото се интересираа за вработување на стручни кадри во училиштата како дефектолози. 
-За жал бројките покажауваат дека има пораст на деца со посебни образовни потреби од различни причини а праксата во Европа и светот покажува дека тие подобро напредуваат доколку се во редовна настава каде подобро се развиваат и полесно учат. Затоа се потребни дефектолозите како дел од стручниот кадар во училиштата кои посебно работат со тие деца па затоа со реформите во образованието министерството и Владата планираат да делуваат дефектолози на ниво на општини по еден или неколку, кои би покривале едно или неколку училишта.

Идеално е да има дефектолог за секое училиште кој целото време би им го посветил на децата со посебни образовни потреби. Имаме и такви училишта во кои си има посебен дефектолог-појасни Тодоровска. 
Трибината беше во организација на комисијата за образование и наука при Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.

Додади коментар