Уапсени двајца разбојници во Кавадарци

Во акција на Полициска станица од Општа надлежност Кавадарци утринава се приведени две лица во досието на Полицијата регистрирани како разбојници.      С.Т. роден 1990 и М.М.  1988 и двајцата од Кавадарци се приведени утринава и предадени на издржување казна затвор. С.Т. во КПД Идризово ќе издржува казна затвор од 5 години, а М.М. во Гевгелија 1,7 месеци.

 

Акцијата на Полициска станица Кавадарци е тековна работа, но по барање на Основен Суд Кавадарци им се влева во трага на двајцата осудени кој подолго време не се јавувале на издржувањето казна затвор. Кривично дело разбојништво имаат и двајцата приведенин кој во неколку наврати сториле разбојништва низ Кавадарци.Од кавадаречката Полиција велат дека следува период каде освен тековните активности ќе следат и чести акции и контроли за откривање и приведување на ове лица, што ќе значи поголем број разветлени случаи на кражби и разбојништва.Приведувањето на С.Т. и М.М. за ктв го потврдува и потпаролот на СВР Велес Анита Стојковска.   

M.M

Додади коментар