Уапсен осуден педофил во Кавадарци

Уште една успешно спроведена редовна акција на кавадаречката Полиција. Имено утринава е приведен Е.В. роден 1989 година осуден на 4 години казна затвор за сторено кривично дело полов напад врз малолетник помал од 14 години.

Правосилната пресуда за Е.В. ја донесува Основен Суд Велес но тој неколку години бил во бегство надвор од Македонија.

Е.В. доцна синоќа се вратил од Германија, а рано изутринава униформирани полициски службеници на ПС Кавадарци го приведуваат од неговиот дом.Во текот на денешниот ден приведениот Е.В. e спроведен до КПД Идризово.

M.M

Додади коментар