Украден златен накит од стан во Кавадарци

 Вчера на 19 ти февруари било пријавено дека непознат сторител извршил тешка кражба на ул. “7-ми Април” во Кавадарци во стан сопственост на Љ.П.(34).

 

Имено непознатиот сторител со употреба на погоден предмет го скршил цилиндерот од бравата на влезната врата од станот, влегол внатре извршил пребарување и одзел разни златни предмети, причинувајќи матерјалната штета од околу 150.000 денари. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот, стои во Полицискиот билтен.

М.М

Додади коментар