УМС на ВМРО-ДПМНЕ презентираше мерки за млади

На регионална трибина во Неготино синоќа унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ  ги промовираше мерките за млади понудени од страна на владата.

Трибината се одржа во салата при домот на култура, а покрај членовите на унијата на млади сили, присутни беа и помладите симпатизери на вмро дпмне.

 На трибината говореа членовите на извршниот комитет на унијата.Бројни проекти потенцираа пред неготинчани. Извршниот комитет наброи четириесетина прокети кој според нивните излагања ја претставуваат визијата на ВМРО-ДПМНЕ  и конкретната инвестиција за младите.

 

Вие најдобро знаете дека она што го ветуваме и ќе го оствариме, категорични во излагањата беа претседателот на УМС Димче Арсовски, како и Ѓорѓи Крстевски, Коче Гаврилов и Јован Јаулевски од извршниот комитет на унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.  Меѓу проектите што беа спомнати на трибината, предавачите акцентот го ставија на мерките купи куќа купи стан, купи куќа за млади, новите мерки за подршка на спортот за даночното олеснување за вложување во спортот, добивката од игрите на среќа од 3 % за подршка и развој на спортот, Македонија вработува и новата владина мерка Македонија вработува 2.

 

Mилица Младенова

Додади коментар