Успешен хуманитарен концерт во Лондон на Страшо Темков и Марија Вршкова
26-05-2016 КУЛТУРА

 На  средбата  на двајца кавадарчани, другари од детството познатиот македонски флејтист Страшо Темков и Роза Хуртс која повеќе од две децении живее и работи во Лондон  и се занимава со хуманитарна денјост се роди идејата  да се реализира еден хуманитарен концерт во Лондон а воедно и да се презентираат македонски успешни уметници од областа на музиката.  Концертот успешно се реализира на 20 мај во простриите на 300 години стариот музеј Бург хаус во Хамштед Лондон  пред бројната публика која со плаќањето на влезниците донираше средства за  Домот за деца со посебни потреби во Демир Капија. Концертот на Страшо Темков флејта во придружба на на пијано на Марија Вршкова беше подржан и од Министерството за култура на Република Македонија и од Македоската асоцијација во Обединетото Кралство Англија.

 

                Страшо Темков е еден од најуспешните македонски музички уметници од својата генерација чија што многустрана дејност ја зацврстува традицијата на уметничка музика во земјата, промовирајќи ја интерпретацијата на дувачките инструменти толку карактеристични за оваа поднебје. Во програмата што беше одбрана за овој хуманитарен концерт Темков покрај дела на светски композитори промовираше и две дела на македонски автори и тоа  делото „Сам Егзија“ од Гоце Коларовски и мала свита за флејта и пијано „Дојранка“ од Трајко Прокопиев .

 

                -Пресреќен сум што идејата да реализираме хуманитарен концерт со мојата другарка од детството поминато во Кавадарци Розе  се оствари. Особено ми претставува задоволство што концертот се одржа во преполна сала, а гостите знаеја дека парите од влезниците ќе бидат наменети  во хумани цели.  Особено ме радува моментот што претстои кога со доаѓањето на Розе Хурс во Македонија оваа лето ќе можеме да го посетиме  домот во Демир Капија  за  да им ги врачиме средствата собрани на концертот.Моите импресии од Лондон се многу силни, покрај презентацијата на моето музицирање заедно со Марија Вршкова ние направивме едно многу хумано дело  со кое се гордеам и сметам дека треба многу почесто да се прават вакви концерти.- вели Страшо Темков

 

                По концертот во Лондон Страшо Темков веднаш почнува со подготовките за концертот во јули кој ќе го одржи во Виетнам  во градот Хо Ши Мин со тамошниот  симфонискиот оркестар  под диригентската палка на маестро Ле Фи Фи. . За првата седмица на август предвиден е настап во Црна Гора со триото „Аура“ во кое покрај Страшо Темков на флејта членуваат Марјан Милошевски на фагот и Ана Гацева пијано.  Настапите ќе бидат во рамките на фестивалот „Експресиво“ во Цетиње и  летниот фестивал во Бар. Во Ноември Страшо Темков одбележува 30 години музичка дејност , настан кој треба да се случи во рамките на манифестацијата „Есенски музички свечености“ во Скопје.

 

Mирјана Мукаетова

 

Додади коментар