Учесниците на ликовната колонија „Кавадарци 2016“ ќе донираат за поплавените
15-08-2016 РЕГИОН

Помош за настраданите во поплавите во скопско се најавува и од ументиците кои ќе бидат дел од ликовната колонија „Кавадарци 2016“ која ќе се одржи од 19 до 27 август во хотелот Уни палас 2 во Кавадарци.

 

Ликовната колонија ја организира домот на културата „Иван Мазов-Климе“, а е финансиски подржана од општината. Делата кои ќе бидат создадени на оваа колонија ќе се продаваат на аукција. Собраните средства ќе бидат донирани на семејствата кои претрпеа штети од поплавите.

 

Директорот на домот на културата „Иван Мазов Климе“, Владимир Темков, вели имињата на учесниците на колонијата ќе бидат дополнително објавени.

Хуманитарен карактер ќе има и џез фестивалот кој ќе биде во склоп на ликовната колонија „Кавадарци“, а е проект на Министерството за култура.

 

А.Д

Додади коментар