ФК „Љубанци“ Кавадарци утре игра со „Скопје“ во Кавадарци
12-08-2016 СПОРТ

Утре и официјално стартува новата фудбалска сезона во второлигашка конкиуренција. Ждрепката за стартот за натпреварувањето во втора лига одлучи во првото коло, кое ќе старува утре, да се сретнат поранешните прволигаши „Металург“ и „Тетекс“.

 

 „Љубанци“, пак, како што беше најавено го промени своето седиште, односно екипата на „Тиквеш“ го превзеде нивното место во втората лига, па затоа како домаќин ќе игра во Кавадарци, менувајќи го името во „Љубанци 1947“ од Кавадарци. Утре на градскиот стадион од 17.30 „Љубанци“ ќе го пречека тимот на „Скопје“.

 

Второлигашите почнуваат утре, а ќе играат трокружен систем натпревари, со по девет кола, или вкупно 27 натпреварувачки рунди. Есенскиот дел од шампионатот во Втора лига завршува на 1 декември, а пролетниот дел од сезоната ќе стартува на 4 март 2017 година.

 

М.В

Додади коментар