Фудбалерите на Тетекс го освоија купот на Македонија
27-05-2013 СПОРТ

Фудбалерите на Тетекс го освоија купот на Македонија откако ја совладаа Шкендија од Тетово на пенали со 6 спрема 5 на Националната арена Филип Втори. Натпреварот во регуларните 90 минути беше 1 спрема 1, а остана непроменет и по двете продолженија од по 15 минути.

Финалето се одигра без публика на националната арена поради инцидентите кои се случија во Средата. 

Додади коментар