Четврта ликовна колонија „Вила Тодоров-Кожуф“
21-06-2014 КУЛТУРА

Тринаесет млади ликовни уметници од вчера се дел од четвртата ликовна колонија „Вила Тодоров-Кожуф„. Тие една недела ќе творат и ќе црпат инспирација од убавините кои ги нуди Кожув планина. Тие ќе создадат нови уметнички дела во атмосфера која изобилува со свеж воздух, пролетни цветови, пејсажи, сонце.

Организаторот на колонијата и сопственик на „Вила Тодоров“ , Марјан Тодоров,  рече дека годинава колонијата ќе се одвива во два дела. Од вчера започна неделното дружење на млади ликовни уметници од земјава, а во средината на август Кожуф ќе  инспирира познати и реномирани ликовни уметници од Македонија и Србија.

„ Желбата повторно да се претстојува во Вила Тодоров, која ги пружа сите потребни услови за работење и творење на еден ликовену уметник ја наметна идејата оваа ликовна колонија да прерасне во традиција, па така годинава уметниците ќе ја имат таа  привилегија подолго време, односно во две етапи  да претстојуваат на Кожуф“ рече Тодоров. Задоволен е од интересот на уметниците за учество на оваа колонија која веќе станува традиционална.

„Кожуф е одлично место за творење на еден уметник. Едноставно можеш да добиеш инспирација насекаде каде и да погледнеш. Оваа моќна питома планина има магична привлечност. Имаме несекојдневна можност да се дружиме и разменуиваме искуства. “ рекоа младите уметници кои една недела остануваат на Кожуф, а по завршувањето на колонијата нивните дела ќе бидат претставени пред пошироката јавност на ликовна изложба.  Заедно со младите уметници е и познатиот и реномиран ликовен уметник од Кавадарци, Ристо Соколов. Тој во наредните денови несебично ќе им дели совети на младите од своето богато знаење.

А.Данов

Додади коментар