Штрајк во Дрекслмаер!
13-05-2014 РЕГИОН

00:30 Дел од вработените во Дрекслмаер кои требаше вечерва да бидат трета смена на работните позиции не влегоа во производните погони. Започнале штрајк, како што неофицијално дознаваме  поради незадоволство од личниот доход.

 

По бројните јавувања до нашата редакција од вработени во оваа компанија,  наша екипа пред петнаесетина минути  беше во Дрекслмаер. Таму на главната капија се уверивме дека неколку ститици вработени штрајкуваат.

 

Обезбедувањето не ни дозволи да влеземе во кругот на фабриката. Се легитимиравме и побаравме средба со одговорните, а од обезбедувањето ни беше речено  дека немало никој од претпоставените и не замолија да ја напуштиме фабриката. 

 

Поради огромниот простор на фабриката,  средба со врааботените кои штрајкуваа беше неможна, а исто така поради голема оддалеченост неможевме и да фотографираме.

Повеќе детали околу штрајкот и барањата на работниците ќе пренесеме во текот на денешниот ден.

А.Данов

Додади коментар