Јасминка Новковска со изложба во Неготино
21-05-2013 КУЛТУРА

„Неготино има повеќе ликовни изложби во споредба со претходните години, а веќе во среда на 22-ри доаѓа врвната Јасминка Новковска“ – вели директорката на  Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино, Мирјана Јованова.

Новковска ќе настапи со изложбата „Портрети“ која претходно ја има претставено во Музејот на град Скопје.

„Она што го работам верувам дека ќе придонесе пред сѐ луѓето да ја засакаат уметноста, но и за да се развива културата особено во еден помал град, како што е Неготино“, изјави Новковска.

Уметничката е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, а досега имала петнаесетина самостојни изложби. Во 2000 година е избрана за најуспешен млад автор, а во 2011-тата ја доби наградата за најуспешно дело – „Еротика“.

 Елена Данова 

Додади коментар