„Балкански културни средби“ денеска продолжува во Прилеп
19-07-2013 КУЛТУРА

Традиционалната манифестација „Балкански културни средби“ денеска продолжува во Прилеп со целодневен ликовен хепенинг од 11 до 17 часот и ликовна изложба од 21 часот.

Во рамките на оваа манифестација за овие три дена, пред неготинци, прилепчани и битолчани ќе се претстават повеќе музички, фолклорни и ликовни уметници.

Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино во соработка со општина Тепеџик, Турција по трет пат го реализира проектот „Балкански културни средби“.

Е.Д

Додади коментар