„БОЕМСКИ ВРЕМЕПЛОВ“ ВО КАВАДАРЦИ
04-11-2013 КУЛТУРА

  БОЕМСКИ ВРЕМЕПЛОВ ,, ШТОМ ЧУКНЕ ПОЛНОЌ НА ...,,ова е насловот на настанот кој денес го најави Домот на културата,, Иван Мазов-Климе,, ,во соработка со градоначалникот и советот на Кавадарци.  ВЕЧЕР НА СЕРЕНАДАТА И СТАРОГРАДСКА ПЕСНА во Кавадарци ќе се случи во рамки на манифестацијата Кавадаречка културна есен.Домаќинот како учесници ги најавува групите Луда Мара, Трио Гранде , Акустико,Тајфата на Дулот, Богев Бенд.Како солисти ќе настапат Ангел Тотов, Петре Пењушков, Николчо Делов,Блажо Богев,БранкоПоповски, а гости на вечерта се Љупчо-Бубо Каров, Ристо Стојанов-Амиго, Севдет Сејфулов, Пешо Бошков и Ристе Трајков.

 

Целиот настан ќе биде под пијано придружба на Стевчо Волчев и збогатен со перформансот на ликовниот уметник Ристо Соколов-Сокол. Боемскиот времеплов публиката освен со музика ќе го плови и со актерството на Милица Гочевска, Диме Коцевски и  Александар Малинков кој пак ја превзема и улогата на режисер.Домот на културата, градоначалникот и советот ветуваат нешто несекојдневно, нешто што на младите ќе им ја отслика убавата слика на минатото, а повозрасните со спомените ќе ги врати во убавото време кое назад не се враќа.Настанот ќе се одржи во големата кино сала, а почетокот е во 20 часот.

M.M

Додади коментар