„Стоп за петардите“ - тие се опасна играчка!
23-12-2013 РЕГИОН

Употребата на петардите пред новогодишните и божиќните празници може да биде опасна игра. Повредите кои ги прават петардите ги видоа најмладите, деца и ученици кои дојдоа на градскиот плоштад. Тие се соочија со последиците кои врз нив ги предизвикуваат распскувачките материјали.  Полицијата сликовито им демонстрираше  и покажа преку вежба како можат да настрадаат, но и како не треба да се користат овие материјали се со цел децата да бидат заштитени.  

 

Повредените ученици кои демонстрираа, им беше укажана помош  од волонтерите  на Црвен Крст, по што  беа пренесени со амбулантно возило на итната медицинска помош на прегледи во кавадаречката болница. Сетоа тоа како дел од сценариото на денешната вежба.

 

Вежбата ја организираше полициската станица Кавадарци, а нејзини соработници беа  локалната самоуправа, црвениот крст, домот на културата, детската градинка, гимназијата и основните училишта. Денешната активност се реализира под мотото „Стоп за петардите“. Сите се надеваат дека последиците се врежаа во меморијата на учениците и  на посетителите, од кои се очекува да не си играат со петардите кои што претставуваат опасност за повреди.

 

„Во светот годишно повреди заработуваат околу 150 илјади лица. Детонацијата од петарда во затворен простор или во близина на ушите може да го оштети слухот. Доколку истата испука во раце може да направи сериозни повреди на прстите и дланките. Играта со петарди може да биде опасна и за очите доколку невнимателно се игра со нив, ги советуваше  основците, Ивона Нанева, ученик во гимназијата во Кавадарци.

А.Д

Додади коментар