„ТИКВЕШКИТЕ ГРОЗДОБЕРИ 1964-2014“
05-09-2014 КУЛТУРА

КАВАДАРЧАНИ ДА СЕ ПОТСЕТАТ  А  ГОСТИТЕ ПРЕКУ ФОТОГРАФИИ ДА ЈА ПОЧУСТВУВАА ТРАДИЦИЈАТА НА  ГРАДОТ КАВАДАРЦИ ВО ПРАЗНУВАЊЕТО НА ТИКВЕШКИОТ ГРОЗДОБЕР НАЈСТАРАТА И ЕДИНСТВЕНА ОД ВАКОВ ВИД МАНИФЕСТАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА.

Во предвечерјето на ова јубилејно издание на „Тиквешкиот гроздобер“ во организација на Музеј-галерија-Кавадарци  синоќа во галеријата на Домот на културата беше отворена ретроспективна изложба на  фотографии  одбрани од богатата збирка од 1500 фотографии, слајдови,и дијапозитиви кои ги поседува музеј-галеријата во Кавадарци Тиквешкиот гроздобер  претставува продолжение на една долга традиција  за што сведочат бројните артефакти рељефи и мозаици пронајдени во Тиквешијата.

 

Виното било пијалок на сите сталежи  и на богатите и на сиромашните, служело како платежно средство а со негоможело да се плати и данокот на државата  . Грозјето и виното како дар од боговите секој есен го слават кавадарчани а колку оваа традиција е вкоренета кај народот покажа и големиот интерес кој го предизвика  оваа изложба. За отворена изложбата ја прогласи Горица пеливанова Вилхем додека авторот  Петре Камчевски  за КТВ ни открива што е она што го има во своите спомени за гроздоберот а го нема на изложените фотографии.

 

Мирјана Мукаетова

Додади коментар