„Тиквеш 2014“ го совлада „Дојранско Езеро“
26-10-2015 СПОРТ

Со по еден гол во двете полувремиња, фудбалерите на Тиквеш 2014 успеаа да слават над тимот на Дојранско Езеро и по долга пауза конечно да и се израдуваат на победата на домашен терен. Со оваа победа се искачија на третото место на табелата веднаш зад екипите на Вардар од Неготино и победа од Валандово. Кавадаречките фудбалери ја контролираа играта во текот на сите 90 минути и имаа многу повеке посед на топка во своите нозе.

 

Домашните имаа и десетина можности за постигнување на гол но искористија само 2 и тоа по една во секое полувреме. Откако го притиснаа противникот на неговата половина Симе Симонов го отвори резултатот по една убава акција на напаѓачите на „Тиквеш“.

Гостите се обидуваа да го загрозат голот на тиквес само преку брзи контра напади и останаа само на обидите. Во самиот финиш на натпреварот Мите Илов искористи едно убаво проигрување во празно изби сам пред гостинскиот голман и ги постави конечните 2-0 на оваа средба. Временските услови беа идеални за игра но и за посета на градскиот стадион каде оваа средба ја видоа околу 400 љубители на најважната споредна работа во светот.

Со по еден гол во двете полувремиња, фудбалерите на Тиквеш 2014 успеаа да слават над тимот на Дојранско Езеро и по долга пауза конечно да и се израдуваат на победата на домашен терен.

М.В

Додади коментар