„УРБАНИ СЦЕНСКИ МОСТОВИ“
22-09-2015 КУЛТУРА

Една прекрасна иницијатива покрената од поети од двата града Гостивар и Кавадарци подржана од Домот на културата „Иван Мазов Климе“ од Кавадарци и ликовниот уметник решад Амети од Гостивар , прерасна во убава културна соработка насловена како „Урбани сценски мостови Гостивар 2015“. Првото издание се случи во саботата на 19. Септември во центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, со програма замислена како своевиден перформанс со поетска, музичка и ликовна содржина. Гостиварската публика во саботата во малата сала на гостиварскиот центар за култура имаше можност да го проследи дружењето на четириесетина уметници од двата града Кавадарци и Гостивар.

 

Според директорот на Центарот за култура Љуан Зенки ова е обид за градење на еден мост на културата и соработката со кој ќе се приближат делата на уметниците до публиката од двата града. На ови урбани сценски мостови зедоа учество од кавадаречка страна поетите Цветанка Колева, Тодорка Андова, Надица Тренчева и Марјан Тодоровски додека актерот Александар Малинков имаше убава можност да презентира стихови од кавадаречките поети Милка Миндева, Томе Андов, Вероника Костадинова, Душко Стефанов и Ѓоко Колев Бејбис а зеде учество  и младиот музичар Ване Коцев. Ликовните уметници од Кавадарци Владимир Темков и Трајче Јованов заедно со уметници од Гостивар истовремено на сцената додека се редеа стиховите пропратени со музика создадоа прекрасни дела а како круна на овој заеднички поетско музички перформанс беше самостојната изложба на ликовниот уметник од Кавадарци Владимир Темков со четириесетина негови дела работени во маслена техника .

               Наскоро во Кавадарци во рамките на на манифестацијата Кавадаречка културна есен 2015 ќе се одржи второто издание на „Урбани сценски мостови овојпат пред кавадаречката публика.

 

Мирјана Мукаетова

Додади коментар