„ СО УМЕТНОСТА И ЗАНАЕТОТ ПРОТИВ ПОРОЦИТЕ НА 21 ВЕК “
28-09-2015 РЕГИОН

Здружението на копаничари „ Стари занаети “ Неготино периодот кој следува со волонтери од Американскиот мировен корпус ќе го реализира проектот „ Со уметноста и занаетот против пороците на 21 век “. Овој проект здружението ќе го реализира о чест на обележувањето на јубилејот 10 години постоење, а на истиот учество ќе земат 20-30 корисници на проектот и 6 обучувачи.

 

Претседателката на Здружението „ Стари занаети “ Љиљана Василева за копаничарството вели дека е едно од најдлабоките корени на македонското опстојување на овие простори. Вековна традиционална уметничка обработка на дрво и богато културно наследство на Македонија кое со извесни прекини трае се до денес наоѓајќи место и во современиот свет. Здружението „Стари занаети‘‘ е формирано 2004 година од група ентузијасти со цел заживување и зачувување на старите македонски занаети ( особено копаничарството ) и подобрување на материјална и општествена состојба на граѓаните од регионот. Истата година, со помош на Американска агенција за самопомош на заедниците (УСАИД) и локална самоуправа го реализиравме  проектот со кој е отворена копаничарската работилница, единствена таква во Македонија и се одржа обука по копаничарски занает, додава Василева.

 

Инаку, Здружението секоја година во Музејот на град Неготино ја организира традиционалната изложба со свои изработки по повод празникот Свети Трифун. Учество има земано и на многубројни изложби ширум земјава организирани од страна на Здружението на копаничари на Македонија, а член е и на Македонска артизанска агенција за помош на ракотворци ( МАТА ) преку која настапувале на базарите во Скопје. До сега Здружението има реализирано 5 проекти и 4  обуки за копаничарска дејност  со околу 150 курсисти вкупно.

 

Претседателката Василева додава дека обуката по копаничарска дејност која сега ќе се спроведува е бесплатна и ќе трае од 13 октомври годинава па до 1 февруари наредната година, а целна група се младите, невработени и останати заинтересирани лица од општината и регионот со афинитет за уметноста.

Maja Алексовска



Додади коментар