(ВИДЕО) Акција за пошумување на поројницата „Ѓуров дол“ во Ваташа
05-04-2018 РЕГИОН

 

Општина Кавадарци во рамките на програмата за екологија има предвидено и пошумување на еродираните површини. Особено внимание во овој дел се посветува на озеленувањето на поројниците во сливното подрачје на реката Луда Мара.

 

Во тој правец градоначалникот м-р Митко Јанчев покрена иницијатива за спроведување акција на пошумување на поројницата „Ѓуров дол“ чие сливно подрачје опфаќа површина од 46 хектари, а се наоѓа на ридот веднаш над Домот на културата во село Ваташа.

 

Градоначалникот Јанчев за денешната акција истакнува:

 

 

Митко Јанчев градоначалник на Кавадарци

 

Партнер на општината во акцијата за пошумување на овие голини е ЈП „Македонски шуми“ подружница „Бор“ од Кавадарци чии вработени денеска ја започнаа акцијата која ќе се одвива во наредните неколку денови со крајна цел во оваа фаза да се пошуми 1 хектар од оголениот терен.

 

За текот на акцијата зборува Маре Васова помошник директор при дирекција ЈП „Македонски шуми“.

 

 

Mаре Васова

помошник директорпри дирекција ЈП „Македонски шуми“

 

Согласно планот овој простор целосно би требало да биде пошумен до крајот на 2019 година. Очекувањата се дека оваа акција за пошумување на голините над селото Ваташа пред сеќе гизаштити имотите на жителите од овојдел,а ќесе обезбедиитрајна заштитана земјиштето од ерозија.

 



Додади коментар