(ВИДЕО) ДРИМ ТИМ ги израдува децата од Дневен центар со новогодишни пакетчиња
25-12-2017 РЕГИОН

 

Дечињата од дневниот центар за лица со посебни потреби во Кавадарци денеска уживаа во дружба со претставници на групата Дрим Тим. Во пресрет на новогодишните празници Дрим Тим донесе радост во домот, но и новогодишни пакетчиња. Иницијатива која мора да признаеме и не е така популрна меѓу музичарите. Одлуката за ваквата донација вели Ангелов била едногласна, согласувајќи се дека најважна пред се е радоста која новогодишното пакетче ќе ја донесе кај дечињата.

 

Ангелов денеска уживаше со еден прекрасен тим. Искрени насмевки од лица кои несебично сакаа да гушкаат и да бидат сакани. Неговиот ДРИМ ТИМ сега има уште еден пријателски тим, дечињата од дневниот центар кој не го забораваат ниту нај малото внимание, па возвратија и со неколку новогодишни песни.

 

И кога сме кај песната и празниците, онаа на ДРИМ ТИМ годинава ќе весели низ Америка. Групата веќе се подготвува за големата турнеја на која заминува во среда, а Аце потврдува дека 2017 та е една од најуспешните за него и неговите колеги.

 

Овие дечиња се присутни меѓу нас 365 дена. Новата година и божиќните празници може да бидат само причина плус да помислиме на нив и да им ја надополниме празничната радост. Примерот на групата Дрим Тим може да биде само чекор кој би можеле да го следат и многу други.

 

М.Младенова

 

 

Додади коментар