(ВИДЕО) Заев: „Прашајте ја власта од каде протекуваат аудио снимки од прислушувањето“

 Дали можеби имате сознанија од каде излегоа аудио снимките на одредени политички функционери низ социјалните мрежи?

Заев:    Неколку пати тоа го зборуваме и веќе е јасно на граѓаните. СДСМ додека ги имаше во поседување сите овие разговори, не излезе ниту еден разговор од приватна природа, ниту пак нешто што е надвор од делокругот на потврда за криминали, корупција, незаконско работење или неетичко работење на штета на граѓаните и државата. Разговорите од нас се предадени на 30 декември 2015 година. За овие разговори треба да ги прашате Сашо Мијалков, Никола Груевски, Горан Грујевски од каде се, затоа што претпоставувам, тие имаат два до три пати повеќе разговори од тие што ние ги поседувавме и ги доставивме до Специјалното Јавно Обвинителство.

 

И уште еднаш, да нема дилеми, ние сме доставиле 540 000 аудио разговори, повеќе од 520 000 текстуални транскрипти на Ворд документи, ПДФ фајлови, Ексел табели, и други. Така доаѓаме до бројката од 1 милион разговори. 540.000 се аудио разговори. По мои информации, во МВР, односно во посед на Сашо Мијалков и врхушката на власта има повеќе од 1.500.000 разговори и тие се должни, да објаснат по кои канали, каде се пуштаат тие разговори и зошто излегуваат тие разговори. Да не заборавиме дека државното јавно обвинителство на чело со Марко Зврлевски, потвдри во обвинителниот акт против Заев дека прислушкувањето е направено во МВР, со опремата на МВР.

 

Докажувањето во постапката е дали Ѕвонко Костовки и други луѓе зеле дел од материјалите за да ја спасат Македонија или тие ставале дел од тие материјали за да се слушаат. Тоа ќе го потврди правосудниот систем и апелирам до СЈО, до правосудството во Република Македонија - пред изборите мора да се знае кој прислушкувал во државата. Тоа е минимум што го должиме сите кон граѓаните на Република Македонија. Апсолутно им е јасно на сите, но правно–формално е должност и на судот да потврди преку судски пресуди кој прислушкувал во Македонија. Само на тој начин ќе се отстранат сите овие шпекулации. Така да, треба да се праша директно Никола Груевски, Сашо Мијалков, Горан Грујевски, и Петтата управа на Република Македонија, од каде излегоа овие материјали.

Додади коментар