(ВИДЕО) Меморијален турнир „Ордан Тотов“
29-05-2017 СПОРТ

 

Вчера во СС Јасмин ке се одржа Вториот по ред традиционален меморијален кошаркарски турнир за ветерани „Ордан Тотов“ во чест на кавадаречката кошаркарска легенда. Годинава учествуваа 4 екипи и тоа домакинот Тиквеш потоа екипите на Борец од Велес , Пелистер од Битола и екипата на Струмица.

 

Се одиграа две полуфиналиња и финале.  Прво Пелистер го совлада тимот на Борец со 57-36 а Струмичани беа подобри од Тиквеш со резултат 27-24. Ветераните имаа и натпревар во шутирање тројки а секоја екипа пријави по двајца кошаркари. Битолчани ги пријавија центрите кои и победија. Здравевски имаше 9 погодени од 10 обиди а Талески погоди 6 од 10. Во финалето Пелистер беше подобар од Струмица со резултат 34-26.

 

На овој турнир за Пелистер настапија Трајковски, Стоиќ, Марковски, Богоевски , Петковски и др. Додека и струмичани во своите редови имаа многу познати имиња како Настев, Ушинов, Кечев, Зетов, Апцеви, Ефтимов, Тимов,Узунов  др.

 

 

За самиот турнир поразговаравме со Пане Тотов син на Ордан Тотов , со Александар Клинчаров како еден од организаторите како и со Бошко Георгиев Бизнисот како современик на Ордан .

 

Mики Виденовиќ

Додади коментар