Јакимовски направи ГРОМ!

Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ)е нов политички субјект на македонкската политичка сцена. Лидер е градоначалникот на Карпош, Севчо Јакимовски кој најави освојување на власта на наредните избори.

 „Ме прашуваат кое звучно име ќе дојде со вас? Има ли позвучно име од граѓаните? Немаме намера никого да одржуваме на власт, ниту пак сакаме некого да донесеме на власт. ГРОМ не се формира да биде опозиција, туку да биде власт. Имаме 100 дена да собереме потписи, да направиме основачко собрание, да ги избереме телата на партијата и активно да учествуваме во политичкиот живот во Република Македонија“, рече Јакимовски.

ГРОМ досега има голема поддршка од граѓани кои никогаш не учествувале активно во политичкиот живот во Македонија. Има неопределени, но и незадоволници од други политички партии:

„ГРОМ нуди простор за заедничко политичко дејствување на сите граѓани Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци, Црногорци, Словенци, Хрвати, Еѓупци. И сите кои живеат во нашата држава“, рече Јакимовски.

Додади коментар