12-та седница на советот на општина Кавадарци
19-06-2018 РЕГИОН

 

 

Едногласно советот на општина Кавадарци во рамки на 12 -та седница го усвои статутот на јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинг  Кавадарци“. Едногласно поминаа и одлуките за измени и дополнувања на детален урбанистички план за УБ 22 К дел од 23К – Општина Кавадарци и за определување крајбрежен појас на реката Луда Мара, опфатен со гернерален урбанистички план за град Кавадарци со населбите Ваташа и Глишиќ.

 

Пред советниците се обрати градоначалникот Митко Јанчев, кој се осврна на ревизорскиот извештај и укажувањата во врска со изготвувањето на решенија за данок на имот. Тој на советниците им подели и копии од истиот.

 

На денешната седница едногласно поминаа измените и дополнувањата на програмите за комунални дејности и за уредување на градежно земјиште на просторот на општина Кавадарци, како и повеќе одлуки за ослободување од плаќање на надоместок за утврдување на правен статус на бесправен објект и тоа за соблекувалните на градскиот парк, градски парк-базен, доградбата на ДТВ „Партизан“, спортски рекреативни објекти на место викано Марк, образовен објект на ул. „Цветан Димов – ЈОУ Детска градинка Рада Поцева и други објекти во општината.

 

Советот ги усвои и одлуките од управниот одбор на ЈП Комуналец за доделување на донации за лекување и за градски ракометен клуб  Тиквеш 2014 и градски фудбалски клуб Тиквеш.

 

A.Д

Додади коментар