13 годишниот Јован Гогов од Ваташа го извади светиот крст од брана Моклиште
19-01-2015 РЕГИОН

Традиционално и на браната Моклиште се изврши голем водосвет. Присуствуваа голем број верници. По светиот крст скокнаа седум момчиња од Ваташа, а најсреќен и прв до крстот доплива тринаесет годишниот Јован Гогов од Ваташа.  

 

 И Гогов доби подарок ЛЦД телевизор од градоначалникот и локалната самоуправа, и други подароци од организаторот на богојавленскиот водосвет.

Градоначалникот Александар Панов упату  честитки до верниците.

 

На богојавленскиот водосвет на браната Моклиште, претходеше света литургија во црквата Света Богородица во Ваташа.

 

А.Данов



Додади коментар