13 медали за каратистите на „Урбан инвест“ во Белград
19-10-2015 СПОРТ

Нови 13 медали, од кои 3 златни, 6 сребрени и 4 бронзени завршија на градите на каратистите на карате клубот „Урбан Инвест“ и тоа од силниот меѓународен турнир „Белградски победник 2015“ кој во саботата, 17 октомври се оддржа во српската престолнина.

Во конкуренција на 1250 натпреварувачи од 100 клубови од дури девет земји, Владанка Аврамова во кати поединечно за каратистки родени 2002 година, А класа, Петар Аврамов во кати поединечно за каратисти родени 2004 година, А класа и Данка Стојкова во кати поединечно за каратистки родени 2006 година, апсолутно ниво освоија златни медали.

 

Сребрени медали освоија Владанка Аврамова во кати поединечно за каратистки родени 2002 година, апсолутно ниво, Петар Аврамов во кати поединечно за каратисти родени 2004 година, апсолутно ниво, Никита Николоски во кати поединечно за каратистки родени 2004 година Б класа, ката тимот за кадетки и јуниорки во состав Лили Маневска, Владанка Аврамова и Моника Кох, ката тимот за машки родени 2004 година во состав Петар Аврамов, Никита Николоски и Лазар Стоев и ката тимот за женски родени 2004 година во состав Стефанија Грозданова, Анастазија Ристов, Мелани Богева и Марија Трајкова.

 

Брозени медали пак освоија Александар Стојков во кати поединечно за каратисти родени 2006 година, Ц класа, Марија Трајкова во кати поединечно Ц класа, Анастазија Ристов - кати поединечно Ц класа и ката тим машки од 8 до 9 години во состав Александар Стојков, ДимитарСтаноев и Благоја Трајков.

Додади коментар