15 починати и 173 нови позитивни на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 1653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи на ковид-19.

- Скопје 75
- Куманово 9
- Дебар 6
- Штип 8
- Прилеп 6
- Тетово 9
- Струга 14
- Велес 3
- Охрид 10
- Кавадарци 3
- Гостивар 7
- Гевгелија 2
- Струмица 1
- Крушево 1
- Кочани 4
- Пробиштип 1
- Берово 1
- Валандово 1
- Свети Николе 6
- Кичево 3
- Ресен 3

 

Починати се 15 лица, осум од Скопје, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден пациент од Охрид и двајца од Гостивар.

 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 150 оздравени пациенти.

- Скопје 105
- Куманово 1
- Штип 7
- Тетово 12
- Струга 10
- Велес 1
- Охрид 4
- Гостивар 1
- Струмица 1
- Кочани 5
- Пробиштип 1
- Неготино 2

 

Досега во земјата се направени вкупно 63.383 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6625, бројката на оздравени пациенти е 2748, на починати е 321, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3556.



Додади коментар