20 годишно момче повредено во сообраќајка на патот Кавадарци - Неготино

20 годишниот Љ.К се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајната несреќа што синоќа се случи на патот Кавадарци-Неготино кај месноста „Антена“, информираа денеска од МВР.

 

Несреќата се случи синоќа околу 19 часот помеѓу автомобил и трактор со приколка, а двете возила имале ист правец на движење.

 

Со полесни повреди се здобил и возачот на автомобилот „форд ескорт“ со кавадаречки таблички, С.А. (52).

 

Увид на местото извршиле полициски службеници по овластување од Обвинителството од Кавадарци.

 

A.Д

Додади коментар