20 ученици од семејства со понизок економски статус заминуваат на летување
26-07-2018 РЕГИОН
 
 
Шеста година по ред Општинскиот Совет за превенција од малолетничко престапништво на град Кавадарци ќе го организира летниот камп Михајлово 2018 година во временскиот интервал од 27.07.-03.08.2018 година.
 
Целна група на овој проект на Советот се 20 малолетници од основните училишта во Кавадарци на возраст од 12-15 години, со понизок економски статус на нивните семејства, меѓутоа дечиња кои покажуваат одличен или многу добар успех во учењето.
 
- Со овој проект Општинскиот Совет за превенција секоја година наградува по 20-тина дечиња кои доаѓаат од сите основни училишта, а истовремено сака да ги стимулира останатите ученици да продолжат со одличниот успех и да останат настрана од лошите пороци, ни рече секретарот на Советот Костадинка Лалкова.
 
На овој летен камп децата ќе бидат под менторство на стручни лица и секојдневно ќе имаат програма за работа и планирани завабни активности. - Оваа година одржувањето на летниот камп Михајлово 2018 година го помогнаа: Општина Кавадарци, Метал Апостолов, Слога, Кожувчанка, нотарска канцеларија на Нотар Пане Нацев и АС Машини, до кои што изразуваме благодарност, а на сите учесници на кампот им посакуваме убаво да си поминат и на есен да продолжат со одличниот успех во учењето, рече Лалкова.

Додади коментар