36 отсто од невработените во Велес извршиле пререгистрација
05-03-2014 РЕГИОН

Над 36 проценти од невработените во Велес се пререгистрирале во Фондот за здравствено осигурување.. Според податоците од подрачната служба, од вкупно 8.300 осигуреници оваа обврска ја реализирале над 3 000. . Раковододителот на велешкото одделение на фондот, Анде Марковски вели дека задоволува одзивот на невработените за пререгистрација..

Пререгистрациајта почна во февруари и ќе трае до крајот на март. Оваа обврска ја имаат сите невработени.. Тоа мора да го сторат ако сакаат да добијат бесплатно здравствено осигурување.. За ова е потребно да потполнат изјава дека во претходната година не оствариле приходи..

Пререгистрацијата на невработените ќе трае и после завршувањето на рокот.. Сепак од Фондот велат дека по изминување на законскиот рок ќе се направи прекин во здравственото осигурување кое предизвикува губење на некои услуги за пациентите.. Така ако осигуреникот не се прегистрира во  предвидениот рок и го загуби здравственото нема да може да користи бесплатно ортопедско помагало..

Обврската за пререгистрација ја имаат сите невработени кои се лекуваат на товар на Фондот.. За да добијат бесплатно здравство потребно е лани да не оствариле приходи поголеми од 96 000 денари.. Ако се над оваа граница ќе треба да платат половина од осигурувањето - месечно чини 1.100 денари.. Ако имаат приходи пак над 3 000 евра ќе мора сами да го подмируваат месечниот надоместок од 2.200 денари.

З.Ј

 

Додади коментар